Македонија
24. May 2016 - 16:10

Поставен споменик на Методија Шаторов-Шарло во Прилеп

Солунските браќа Кирил и Методиј имаат извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење за Македонија и за Европа.
 
Тие се првите словенски учители и светители, основоположници на словенската писменост и литература, беше речено на денешните празнични чествувања во Прилеп, каде, во чест на празникот беше поставена и спомен- биста на револуционерот Методија Шаторов - Шарло. 
 
По повод денешниот празник, се одржа и Научна академија посветена на животот и делото на овој македонски револуционерен деец, а организирана беше и велосипедска трка.