-->
-->
Постарите возила ќе плаќаат повисока регистрација
-->
Возилата што повеќе загадуваат и се постари да плаќаат повисока цена за регистрација. Ова е една од мерките кои се разгледуваат за намалување на аерозагадувањето, пренесе Алфа.
Единствена информација која ја добила Алфа е дека сите автомобили ќе добијат еколошки лепенки кои ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кој автомобил колку загадува. Со тоа на полесен начин би се селектирале сите оние кои треба да бидат исклучени од сообраќај при енормно загадување на воздухот. Молк за тоа колку би чинеле техничките прегледи за мерење на загадувањето на секој автомобил а и самите лепенки.
Предвидено е менување на табличките на такси превозниците, сите таксисти ќе треба да добијат жолти регистрации со што би се одвоиле од останатите автомобили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари