Македонија
10. February 2016 - 19:13

Посредникот Ван Хојте прво не нарече инфериорна нација без европски менталитет - Денеска со нова провокација

Питер Ванхојте, европскиот олеснувач во политичкиот дијалог потврди дека денеска имал средба до челните луѓе од СОРОС фондацијата во Македонија. Средбата се одржала во кафеаната Гурмет, во Дебар Маало

Како што објави „Медиа мк“, во период кога траат консултациите за законот за медиуми, на средбата Владимир Милчин и други неколкумина од организациите­ на Сорос, од Белгиецот барале „да се продолжи со притисокот“.

Ванхојте ја потврди средбата , но сепак тој не сакал да ја коментира содржината, ниту за што тоа се барало да се продолжи со притисок.

– Не можам да дадам никаков коментар околу тоа. Тоа беше приватна средба, јас како граѓанин имам право на приватни средби­ телефонски одговорил олеснувачот.

Прашан повторно за тоа за каков притисок и кон што се барало од него да продолжи, белгискиот посредник нагласи дека „дури и во оваа држава имал право на приватни средби“.

- ­Нема да коментирам, тоа беше приватна средба, јас сум слободен граѓанин, дури и во ова држава имам право да правам што сакам­ изјавил Ванхојте.

Ваквиот став на Ванхојте не е изненадување и е нова навреда кон државата и кон народот во Македонија. Пред само неколку дена Ванхојте ги навреди Македонците нарекувајќи ги недостојни за европски закони.

Ванхојте недоличен речник користеше и за време на преговорите  меѓу партиите. Најекслицитен пример е оној во кој со недоличен и безобразен речник, на преговарачката маса им се обрати на претставниците на политичките партии.

Денешниот работен појадок со сорос организациите за натамошната активност на Ванхојте во македонскиот политички живот, според Медиа мк само го потврдуваат тоа за што од поодамна се посочува. Законскиот предлог на Ванхојте како нацрт­ закон за медиумите предвидува вметнување на таканаречените невладини организации и експерти кои се под капата на СОРОС.

Тие би требало да го заземат местото на медиумските работници, МАНУ и другите релевантни институции во државата.

Медија мк потсетува дека СОРОС Фондацијата во Македонија, е тесно поврзан со креирањето на политиките на СДСМ, а во мај минатата година се јави и како организатор на митингот на опозицијата.