Балкан
12. April 2016 - 18:17

Последното приватно видео: Јелена Марјановиќ му пее на сопругот Зоран на уво!

На интернет се појави и последното приватно видео на пејачката Јелена Марјановиќ кое е снимено на семејна слава. Секогаш насмеана, распеана и весела. Така пријателите ја паметат трагично настраданата пејачка.
 
Јелена пеела на славата на гостите, но првенствено на својот сопруг Зоран.
 
Кога го погодила песната, тој се фатил за паричникот и и дал 50 евра на Јелена. Сепак, ќе ве воодушеви она што таа го направила. Ги земала парите и ги однела кај клавијатуристата кој свирел таа вечер на славата. Се вратила кај Зоран и продолжила да пее.
 
Погледнете како изгледа последното снимено видео на кое Јелена пее на една семејна слава, снимено пред еден месец.