Џет-Сет
12. January 2016 - 11:24

Последните стихови на Боуви се збогување на човекот кој знаел дека умира

Стиховите на песната што Дејвид Боуви ја објави еден месец пред неговата смрт претставуваат збогување на човек кој знаел дека неговиот живот завршува, оценуваат британските медиуми. 

„Погледни горе, во рајот сум“, е само еден од стиховите во песната „Lazarus“, во која меѓу останатото Боуви порачува дека повеќе нема што да загуби и дека наскоро ќе биде слободен како птица. 

Само три дена пред смртта на Боуви бепе објавено и видео за „Lazarus“, а во него пејачот се наоѓа во болнички кревет, телото му се тресе под прекривката, додека очите му се покриени со завој. 

Продуцентот на албумот „Blackstar“, Тони Висконти изјави дека албумот кој Боуви го сними додека се бореше со злобната болест, е негов подарок за збогување, кој својата смрт сакал да ја претвори во уметничко дело. 

- Секогаш го правеше она што го сакаше. А сакаше ова да го направи на свој начин. Неговата смрт не е ништо поразлична од неговиот живот. Го направи „Blackstar“ за нас, како свој подарок за збогување. Цела година знаев дека ова ќе се случи, но не бев спремен на тоа. Тој беше неверојатен човек, исполнет со љубов и живот. Секогаш ќе биде со нас. Засега е примерно да плачеме, додава Висконти. 

Спотот за песната „Lazarus“ започнува со излегување на Боуви од ормар во мрачна болница, каде е заробен во ноќен кошмар. Набрзо потоа лежи во болнички кревет, и неговото изнемоштено тело се тресе под прекривката, а на завоите кои му ги сокриваат очите се наоѓаат две копчиња.