Македонија
5. December 2016 - 8:35

Последна недела од изборната кампања

Политичките партии денеска продолжуваат со активности за изборната кампања за предвремените параламентарни избори  што ќе се одржат в недела.

Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во скопските општини Кисела Водаи во Центар, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ во Дебар, Стругаи во Охрид. 

Митинг најави и коалицијата „Алијанса за Албанците“ пред жителите на Куманово. 

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во Изборна единица 5 Александар Делов ќе говори на  прес-конференција во Кичево, а носителот на кандидатската листа на Левица во Изборна единица 4 Митко Николов ќе има средба со граѓани на градскиот плоштад во Прилеп. 

За денеска е најавено и потпишување документ за заштита и унапредување на животната средина од страна на политички партии од Изборна единица 6, во просториите на движењето „Еко Герила“ во Тетово.