Македонија
19. November 2017 - 16:07

Последен викенд со возила на Водно

Ова е Последен викенд во кој со автомобил може да се стигне до Средно Водно.. Од 25 ноември Градот Скопје воведува забрана за движење на возила до излетничкото место.

Според одлуката на градските власти, забраната за движење на возила ќе важи од клучката кон Сопиште и паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон. Растојаните од околу три километри до средно водно ќе може да се мине само пеш.

На ваквата одлука негодуваат граѓаните. Велат дека е избрзана и се воведува без соодветна анализа. Додаваат дека на овој начин ќе се загрози и работата на жицницата.  Не знаат ниту каде ќе може да ги паркираат автомобилите.

Од градот Скопје пак објаснуваат дека превоз до средно Водно сепак ќе има но единствено со автобусите на ЈСП.

- За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно, Градот Скопје ќе воведе две нови пробни автобуски линии што ќе ссообраќаат по принципот на шатл-линии, односно автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно, се вели во соопштението на градските власти.

Според планот, автобусите ќе поаѓаат од катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и паркингот кај Дом на печат.

Инаку забраната за возење до Средно водно, според градските власти ќе помогне за намалување на загаденоста во воздухот во Скопје.