Свет
20. January 2017 - 20:07

Последен твит на Обама како претседател на САД

Барак Обама денеска објави  на Твитер проштално соопштение како претседател на САД и нагласи дека формира фондација со свое име.

- За мене најголема чест во животот беше да Ви служам Вас. Ме направивте подобар лидер и подобар човек. Нема да запрам, напиша за последен пат од официјалниот налог 44. претседател на САД.

Тој наведува дека формира фондација „Обама“ и ги повика приврзаниците за да ја искористат фондацијата и да споделат со него свои ставови.