Македонија
13. October 2017 - 16:23

Последен ден кампања - ВМРО - ДПМНЕ во Скопје, СДСМ во Охрид

Локални избори со многу локалани проекти во програмите, дури и премногу за четиригодишен мандат. Затоа пак, кампања која повеќе доликува за парламентарни избори од кои ќе зависи политичката судбина на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и нивните лидери. Вака експертите по јавно мислење и новинари гледаат на тоа како изминаа 20те дена од предизборието пред гласањето в недала.

Кампања со референдумски призвук опишува и екпертот по јавно мислење Џелал Незири.

 Експерт по јавно мислење...дека од овие избори ќе зависи политичката иднина на државата. Ако победи СДСМ ќе може да си обезбеди помирно владеење и на централно ниво, додека во случај на победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе се бараат предвременхни избори во кои победничките гласови би се претвориле и во пратеинчки мандати.

Сепак, Незири вели дека на овие локални избори, партиите отвориле локални прашања и проблеми како никогаш досега. Особено видлива е промената во албанскиот политички блок.

Ѓоргевски пак, коментира дека во ветувањата на кандидатите за градоначалници и советници имало дури и премногу ветувања

За безбедносниот дел од кампањата и што досегашните инциденти можат да донесат на изборниот ден двајцата соговорници коментираат дека очекуваат мирен ден, но не исклучуваат и проблеми и нови инциденти, особено по објавувањето на резултатите.

Незири, пак, е оптимист дека досегашните инциденти нема да влијаат на текот на гласањето и изборниот ден.