Македонија
21. March 2018 - 20:52

После неколку часа борба со пламените јазли, изгаснат пожарот во Тетово

Локализиран и под контрола е пожарот во зградата во Тетово, јавува ТВ Алсат.

Пожарот освен пожарникарски екипи го гасеа и цистерни на приватни компании со цел навреме да се спречи проширување на подолните катови.

Инаку, во пожарот изгоре поткровјето кое служело како склад на станарите.