Живот
16. December 2017 - 19:16

После дождот доаѓа сонце: Имаше неколку абортуси, а потоа еден ден се се смени

Една брачна двојка одсекогаш посакувала големо семејство, но немал среќа бидејќи жената имала неколку спонтани абортуси. Меѓутоа еден ден се се променило.

Кортни и Ерик Волдроп (35) од Алабама се заедно уште од средно училиште. Одсекогаш сонувале да имаат големо семејство, но Кортни имала неколку спонтани абортуси, пред да го роди најстариот син Сејлор во 2008 година.

Подоцна оделе на вештачко оплодување и добиле близнаци, момчињата Вејл и Бриџ кои имаат по 5 години.

Кога дознале дека Кортни носи шесторки, не можеле да веруваат дека желбата за големо семејство кончено ќе им се оствари. Иако кај овие 3+ бремености постојат многу ризици, семејството било насочено кон тоа да ги минимизира колку што може.

За само 4 минути, добија 3 девојчиња и 3 момчиња. Иако се породи пред време, во 30 недела, докторите и рекоа дека тоа всушност е и подобро, зошто со тоа се смалува можноста од добивање парализа и други болести.

Бебињата излегоа здрави и сега е во постпородилна енга.

-Моето тело е во комплетен шок, бидејќи во него растеа шест бебиња, вели Кортни.