Бизнис
20. November 2017 - 22:48

Поскапување на овошјето и зеленчукот ќе предизвика воведувањето персоналец за сите земјоделци

Доматите, пиперките, грозјето, јаболката и другите земјоделските производи ќе поскапат  ако се воведе пресоналец за сите земјоделци, велат производителите. По зголемувањето на акцизата  за нафтата од три денари ова е втор удат за нивниот сектор.  Со мерката дирекно ќе бидат погодени производителите и граѓаните. Ќар ќе имаат имаа откупувачитеи трговците.

Мерката ќе ја стимулира и сивата економија во секторт. Ќе се зголеми бројот на дивите препродавачи, а ќе се бараат и алтернативи како да се избеге плаќањето на данокот.

Реагираа и од федеарицијата на фармери. За нив измените на законот за перосналецот се направени на брзина без да се консутлираат засегнатите страни

Негативно ќе се одразат врз сите , а најпогодени ќе бидат најмалите и најсиромашните производители. Плаќањето на данок од страна на откупувачите во име на земјоделците отвара простор за манипулација при пресметка на откупната цена на земјоделските производи која и сега е помала од произведената, се вели во допосот од федерацијата на фармери.

Со измените во законот за персонален данок , се предвидува сите земјоделци  да плаќаат перосналец. Досега оние со приход до 5000 евра беа ослободени . Сега со измената на законот, од заработката ќе плаќаат данок од 2 проценти.