Македонија
24. August 2017 - 10:25

Посебен сообраќаен режим за натпреварот Шкендија - Милан

Посебен режим на сообраќај за возила и пешаци ќе биде воведен по сообраќајниците кон фудбалскиот стадион „Телеком Арена“, каде денеска во 20:45 часот ќе се одигра натпреварот меѓу екипите на ФК „Шкендија“ и ФК „Милан“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

СВР Скопје согласно подготвениот план за сообраќајно и физичко обезбедување, почнувајќи од 15:00 часот ќе воведе ограничено движењето по булеварот „Илинден“, улиците „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, „Наум Наумовски Борче“, сервисната улица во Градскиот парк околу фудбалскиот стадион, како и улицата „Лазар Личеноски“.

Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон спортскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за фудбалскиот натпревар.