Бизнис
22. September 2017 - 19:38

Посебен економски пакет и за малите фирми, бараат текстилците

Текстилците бараат државата да формира посебен економски пакет  за малите фирми и тоа не за сите туку за оние кои произведуваат. Мерките  кои ги предложи владата, а кои треба да помогнат за повисок раст на економијата сметаат дека ќе им помогнат само на поголемите компании – оние кои имаат капацитет да ја исполнат нормата за да аплицираат за државанат помош. Помалите бизниси ќе извисат.

За мерката која предвидува 10 проценти подршка за секое ново отворено работно место за кое е предвидена плата од 18 илјади денари сметаат дека е лоша варијанта. Ниту една текстилна компанија нема капацитет на своите работници да им го исплати овој износ и поради тоа овие фирми нема да можат да аплицираат за мерката.

Забелешки има  и околу мерката 10 проценти од трошоците кои ќе ги направи компанијата при набавка на нова опрема да ги покрие државата. Сметаат дека помошта треба да биде поголема со оглед на тоа што  европските фондови покриваат и до 40 отсто од инвестицијата.

Овие предлог мерки текстиците ќе ги образложат и пред надлежните. Економскиот пакет досега владата го презентираше пред академската фела, бизнисмените и меѓународните институции.