Свет
12. August 2017 - 11:13

Португалија: 1.800 пожарникари се борат со шумските пожари

Португалија денеска се бори со нов бран шумски пожари додека во текот на викендов и натаму се прогнозираат високи температури. 

Околу 1.800 пожарникари со помош на стотина возила се обидуваат да изгаснат десетина пожари ширум земјата, соопштија португалските власти.

- И покрај пожарите, ситуацијата сега е стабилна, изјави портпаролката на Агенцијата за цивилна заштита во Лисабон.

Новите пожари избија откако во претходно летово повеќе од 60 лица загинаа, а над 200 беа повредени во големиот пожар во областа Педрогао Гранде во централна Португалија, кој беснееше пет дена.