Портпаролот на синодот на ГПЦ: Не можеме да прифатиме друга црква да го носи името Македонија
Црквата ниту ја одредува националната политика, ниту пак се идентификува со партиите и многу добро ја знае нејзината улога, но има право да ја изрази нејзината загриженост, вели портпаролот на Светиот синод на грчката православна црква, во интервју за грчката телевизија Скај, по острите критики што официјална Атина ги упати до ГПЦ.
Митрополит Доротеос, јавува дописникот на МИА од Атина, објасни дека нивното вчерашно соопштение е јасно и се однесува на национално прашање кои има и доста сериозна црковна димензија.
- Не можеме да прифатиме друга црква да го носи името Македонија, освен митрополиите во Македонија кои припаѓаат на грчката автокефална црква. Ова е нашата загриженост и ова го доставивме до одговорните и надлежни власти, рече митрополитот Доротеос за ТВ Скај.
Во однос на протестите што се организираат во Солун, а за кои грчкиот архиепископ рече дека е против, портпаролот на Светиот синод на ГПЦ, во интервјуто истакна дека го дели мислењето со архиепископот, но нема да му пречи ако митрополити учествуваат во демонстрациите.
И солунскиот митрополит Антимос, говорејќи за радио Солун, рече дека нема да учествува во протестите, а наместо демонстрации, митрополиите од Северна Грција, можеби ќе организираат литургија.
- Ние сме 32 митрополии и ако сакаме да се вмешаме во прашањето, ќе одржиме литургија во црквата Свети Димитрија, а потоа еден говор, но не и протест, рече Антимос за солунското радио и отфрли секаква поврзаност на црквата со демонстрациите закажани за 21 јануари во Солун.
Митрополитот Амвросиос од Митрополијата Калаврита и Егиалиа од полуостровот Пелопонез, за во петок попладне закажа вонреден состанок поради прашањето за името. Ги кани сите претставници на органите на општината да учествуваат на средбата за да разговараат и заедно да ги одредат следните активности.
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи