Свет
20. September 2017 - 22:01

Порторико целосно без струја по налетот на ураганот Марија

Цел Порторико, кој има 3,5 милиони жители, денеска остана без струја како последица на ударот на ураганот Марија на овој карипски остров. 

Шефот на Агенцијата за управување со ризици од катастрофи, Абнер Гомез изјави дека ураганот уништил „се што му се нашло на патот“.

Американскиот национален центар за урагани претходно соопшти дека Марија пристигнала до бреговите на Портороко во реонот на местото Јабукоа, во источниот од оваа американска територија и дека ветерот во жариштето на ураганот дувал со јачина од 225 километри на час.

Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело изјави дека штетата ќе бидат неизбежни по поројните дождови и налетот на силните ветрови.

Претходно денеска беше соопштено дека на островот Доминика, кој Марија го погоди во понеделникот, загинале седуммина, но се очекува бројот на жртвите да се зголемува.

Марија вчера мина крај островот Сен Кроа, кој е дел од Американските Девствени Острови.