Свет
2. August 2015 - 21:15

Порошенко: Од борбите во Донбас не се вратија 387 командоси

Украинските воздушно-десантни единици загубиле 387 припадници, убиени во воените дејствија во Донбас, информира денеска украинскиот претседател Петро Порошенко при работната посета на Славјанск по повод Денот на мобилните десантни единици во земјата.

-Триста осумдесет и седум „летечеки пешадинци“ не се вратија од борбените задачи, рече Порошенко, цитиран од ТАСС.

Порошенко додаде дека „сега се зголемува борбениот потенцијал на момобилните десантни единици“.

-Јас како претседател на Украина, како врховен командант и шеф на Вооружените сили, доброволечките организации, како и целиот украински народ полагаме максимални напори на десантните единици да им го обезбедиме целото современно вооружување и целата неопходна опрема, подвлече украинскиот претседател. сд/16:11