Свет
29. September 2015 - 22:25

Порошенко: Москва предлага антитерористичка коалиција, а го поттикнува тероризмот

Украинскиот претседател Петро Поропенко денеска во Њујорк ја критикуваше Русија поради нејзината идеја за создавање широка меѓународна коалиција за борба против тероризмот.

- Тоа е одлична приказна, но тешко дека може да се верува во неа. Како може Русија да повикува на формирање на антитерористичка коалиција, кога таа поттикнува тероризам на нејзиниот праг, изјави Порошенко, кој во Њујорк учествува на годишното заседание на Генералното собрание на ОН.

Според Порошенко, Русија не може да говори за мир и легитимитет, кога промовира политика на „страв, војна и марионетски влади“.