Порошенко: Ја изгубивме последната сфера на влијание врз Донбас
Киев ја изгуби и последната сфера на влијание врз територијата Донбас за време на блокадата на регионот, изјави претседателот на Украина Петро Порошено на седницата на Советот на регионот, пишува „Спутник“.
- За време на блокадата, Украина ја изгуби последната сфера на влијание врз оваа територија, нагласи Порошенко.
Се наведува дека Порошенко посочил оти „организаторите на блокадата го измамиле општеството бидејќи тоа не била блокада на одредени региони во Доњецк и Луганската област“.
- За каква блокада станува збор кога постои дупка од стотина километри на границата со Русија? Во суштина, тоа испадна дека е специјална операција насочена кон тоа да се насочат окупираните региони од украинскиот Донбас во Русија, истакна Порошенко.
Тој потенцираше дека „последица од блокадата е тоа што Украина го изгубила влијанието врз сопствената теротирија“.
- Истовремено е нанесен удар врз домашната енергетика, металургија, и буџетот, наведе претседателот.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море