Порошенко: Избори во Донбас во оваа фаза не се можни
Во најблиска иднина не е можно да се одржат избори во Донбас, нешто што е предвидено со Минската спогодба, изјави синоќа украинскиот претседател Петро Порошенко во Вашингтон, каде ќе учествува на самитот за нуклеарна безбедност.
Тој нагласи дека Украина останува ангажирана на целосната имплементација на договореното од Минск.
- Ние настојуваме да го отвориме патот за политички процес и да спроведеме локални избори во Донбас, посочи тој.
Порошенко додаде дека такви избори се можни само ако Русија го исполни договореното од Минск во сферата на безбедноста и доколку Москва не манипулира со фразата „одржување локални избори во согласност со украинското законодавство и меѓународните стандарди“.
- Украинската Влада не може да го прифати легитимирање на окупацијата на Донбас или изборни фарси или руското разбирање на слободни и фер избори, истакна Порошенко.
Тој постави уште еден услов за организирање на избори во Донбас, а тоа е распоредување во регионот на проширена полициска мисија на ОБСЕ, која ќе ја гарантира безбедноста до изборите, за време на нивното одржување и по нив.
Порошенко повтори дека Украина и натаму бара од САД доставување на воена техника, но не тешко вооружување, како оклопна техника и артилерија, туку средства за радиоелектронска војна и врски.
- Потребна ни е одредена американска технологија, за водење на електронска војна, за поддршка на заштитената комуникација, рече Порошенко.
Претседателот на САД Барак Обама одлучи да не се сретне со Порошенко за време на самитот во Вашингтон. Средба со украинскиот претседател ќе има заменик-претседателот на САД Џо Бајден.
Ново на Сител
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров