-->
-->
Порно ѕвезди откриваат како според нив изгледа идеалниот пенис
-->
Дискусијата за идеалниот пенис „вечно“ трае, а еве што велат порно ѕвездите на таа тема.
Некои од најпознатите порно ѕвезди за каналот Wood Rocket на ЈуТјуб зборувале за совршениот пенис, а заклучокот е дека универзално мислење за идеална „алатка“ – не постои.
Порно актерките најпрво зборувале за големината и помалку или повеќе се согласуваат дека пенисот би требало да биде долг барем 15 сантиметри, а се чини дека според нивното мислење ниеден пенис не е премногу голем. Сепак, зборувале и за тоа дека сексот со претерано надарен маж може да биде болен – а, понекогаш болката трае и со денови после сексуалниот однос.
Она што, се чини, на порно ѕвездите им е поважно од должината е – обемот на пенисот. Имено, порно актерките објаснуваат дека должината не е толку важна, туку за поголемо задоволство е поважен обемот, поради формата на вагината.
Бидејќи тие дискутирале за идеалниот пенис до ситни детали, напоменале дека е подобро ако пенисот е „свртен“ кон горе, бидејќи така се поголеми шансите да ја допре нивната Г – точка.
Јасно е дека порно актерките имаат доста познавања од оваа област, а тие велат дека при анален секс е попријатно ако мажот има подолг пенис со помал облем, додека за вагиналниот секс сметаат дека поважен е поголемиот обем.
Иако мажите често се оптоваруваат со мисли за тоа дали нивниот пенис е доволно голем, порно ѕвездите велат дека големата „алатка“ не ги прави добри љубовници. Сега внимателно читајте: за добар секс е најважна техниката и „работата“ со колковите, велат порно ѕвездите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор