Живот
15. August 2017 - 16:07

Порно бизнис го зафати Балканот: Девојки за неколку часа заработуваат и до 4.000 евра месечно

Интерактивните камери на интернет се најбрзо растечки бизнис кога станува збор за глобалната порнографија, а тој посебно цвета во послабо развиените земји како Романија. Во оваа земја со соблекување и заведување пред камера се занимаваат нешто над 1.000 девојки, пишува BBC.

Работното место им е својот дом, односно соба или студио изнајмено за таа намена, а нивното работно време нема почеток ниту крај. Во центарот на Букурешт пред една висока зграда стојат група млади девојки кои разговараат и се смејат за време на пауза за цигара. Вниманието на минувачите го привлекуваат со тешката шминка, разголеноста и високите потпетици.

Што се случува зад затворени врати

Внатре во зградата се наоѓа Студио 20 кое се протега низ целиот прв и втор спрат. Во секоја од 40-те соби одвоени со бели ходници и многу врати се наоѓаат секси девојки. Кога е вратата затворена, значи се работи. Во собата се наоѓа жена која во живо и преку веб камера комуницира со интернационални клиенти. Додека жената се наоѓа во собата, бизнисот е сосема легален. Во светот на виртуелните односи и сајбер сексот, тие кои се наоѓаат пред камерите се “модели”, додека мажите од другата страна на камерата се “членови”.

Големи пари од сајбер секс заработува Лана која работи во соба број 8, во која доминира голем кружен кревет. Во собата има гардероба за менување по желба на клиентот. Во едното ќоше од собата се наоѓа огромен компјутерски екран и скапа камера, додека позади неа има професионална расвета. Клиентите може да ја гледаат Лана онлјан во реално време преку специјалнизирана веб страница за возрасни. Но, Лана не заработува се додека еден од членовите не побара приватен разговор со веб камера.

Работејќу осум часа дневно, Лана во просек заработува околу 4.000 евра месечно, што е 10 пати повеќе од романската просечна плата. Како нејзин работодавец Студио 20 исто така заработува 4.000 евра како дел од нејзините активности. На врвот на пирамидата се наоѓа “LiveJasmin”, онлајн видео сервис кој е одговорен за содржините кои ги произведува Студио 20 и кој собира пари од кредитните картички од членовите – тие од Лана и Студио 20 месечно ќе заработат од прилика околу 8.000 евра.