Македонија
9. May 2017 - 14:33

Порибени водите на реката Вардар

Во водите на реката Вардар денеска беа пуштени 10.000 парчиња македонска ендемична пастрмка, во организација на Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот земјоделски инспекторат и Министерсвото за животната  средина и просторно планирање.

Како што информира Град Скопје, проектот опфаќа порибување на водите на реките Вардар и Треска и езерото Матка и има за цел да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак.

Доколку ова не се направи, како што се наведува во соопштението, постои реална опасност засекогаш да се изгубат овие специфични видови риба, кои се наше природно богатство и наш симбол.

На порибувањето присуствуваа претставници од Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат, претставници од Министерството за животната  средина и просторно планирање и од Одделението за рибарство при Институтот за сточарство, се наведува во соопштението.