Loading Video...
Кошарка
23. March 2018 - 13:18

Поразите на Макаби и Жалгирис шанса за Басконија

 
Екипите на Макаби и Жалгирис претрпеа порази во натпреварите од 28.коло на Евролигата. 
 
Во Тел Авив, израелскиот шампион Макаби загуби минимално со 75-76 од Панатинаикос, додека Жалгирис немаше сили на гостувањето во Мадрид да го изненади Реал па литванскиот првак беше поразен со 88-81. 
 
Со овој пораз, Жалгисис пропушти шанса на две кола до крајот на групната фаза да обезбеди пласман во плејофот, за кој во трка се и Макаби, како и односно шпанскиот претставник Басконија која вечерва гостува кај Барселона. 
 
Литванскиот тим има две победи повеќе од Басконија односно три од Макаби во трката за двете преостанати места во разигрувањето. 
 
*Табела: Жалгисрис 16-12 (победи-порази), Басконија 14-13 и Макаби 13-15, за последно 8.место во плејоф 
 
Пласман во плејофот веќе обезбедија шест екипи: ЦСКА Москва, Фенербахче, Олимпијакос, Реал Мадрид,  Панатинаикос и Химки.