Тенис
23. March 2017 - 12:21

Пораз во сингл и полуфинале во двојки за Јотовски

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Хамамет, Тунис во поединечна конкуренција. Тој денеска во меч од 2.коло загуби од осмиот носител Бразилецот Николас Сантош (510 место на АТП листата). 
Двата сета противникот ги доби со 6:1 и 6:4 во гемови. Првиот сет мина во доминација на противникот, а во вториот Јотовски беше равноправен до 4:4 во гемови. Мечот траеше 90 минути, а нашиот тенисер за пласманот во 2.коло ќе освои еден бод.
Јотовски со Уругваецот Сантиаго Марсека без борба го минаа 2.коло и утре ги очекува мечот од полуфиналето