Кошарка
24. August 2016 - 7:27

Пораз на Македонија на првата контрола од Словенија

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа во Марибор загуби од домаќинот Словенија со 84-68. Овој дуел беше од затворен тип. Овие две селекции ќе одиграат уште еден натпревар вечерва истотака во Марибор со почеток во 20 часот.
Дуелите против Словенија се последните контролни средби за „црвено-жолтите“ во подготовките за квалификациите за Евробаскет 2017.
Македонија првиот натпревар го игра на домашен терен против Луксембург во Кавадарци на 31.август во среда.