Македонија
17. August 2017 - 16:35

Поранешните членови на антикорупциска имаат спротивставени ставови

Поранешните антикорупционери се поделени- има и или не мислењето на антикорупциската комисија облигаторно дејство за собранието.. Поранешниот член на Државната комисија за спречување корупција Воислав Зафировски вели дека пратениците мора да го почитуваат мислењето на комисијата и не смеат да го разрешат јавниот обвинител по денот на распишувањето на локалните избори.

Драган Малиновски кој исто трака беше член на антикорупциската комисија до 2007ма, има спротивен став. Вели дека мислењето не е обврзувачко за парламентот.

Во мислењето упатено до Собранието АНтикорупциската комисија посочи дека од денот на распишувањето до денот на зваршувањето на изборите за градоначалници и совети, не може да се врши разрешување и именување на функционери во државни и јавни институции.