Македонија
24. March 2018 - 16:39

Поранешниот шеф за меѓународна соработка во МВР распределен на работно место за кое е преквалификуван

Полицискиот синдикат го обвини министерот за внатрешни работи за незаконско назначување  нестручен кадар во МВР а за сметка на тоа стручни и докажани функционери се прераспределени на пониски работни места. Антонио Санев  е поставен за аналитичар во Царинска полиција а доаѓа од  позицијата шеф за меѓународна соработка во кабинетото на министерот за внатрешни.  Поранешниот функционер тврди дека е незаконски разрешен од функцијата од страна на дисциплинската комисија . Санев реагирал и до министерот Спасовски кој го одбил и му препорачал правдата да ја бара на суд.

Санев магистрирал во Амстердам меѓународно јавно право, работел во кабинетот на министерот за внатрешни во рамки на 5 гарнитури. За себе тврди дека е  заслужен за преговорите за добивање на визната либерализација, спогодби за минување на повеќе граници само со лични карти, иницирал документи за заеднички центри и поради своите заслуги бил назначен и за шеф.  Санев ги охрабри сите полициски службеници да излезат јавно да проговорат за незаконските разрешувања бидејќи само така ќе е излезе правдата на виделина . Од кабинетото на Спасовски писмено одговорија на обвинувањата.

„ Промени се започнати и во многу други сфери во МВР, но притоа примарно е што во министерство единствено простор им се отстапува на професионалците и добро обучени лица и нема простор за оние кои својата некомпетентност сакаат да ја скријат зад било каква организација.  Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во изминатиот период имаше неколку средби со претставниците на Независниот синдикат. Раководството на МВР  и натаму е отворено за соработка со претставниците на синдикатот бидејќи тоа е во интерес на сите вработени во МВР.