Македонија
16. February 2017 - 19:02

Поранешниот претседател на државата доживеа сообраќајка во Скопје

На скопската обиколница, кај клучката Визбегово, сообраќајна несреќа преживеа поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ. На пат кон хотелот, со кола на хрватската амбасада, дошло до судир со друго возило со скопски регистерски таблички, а во судирот нема повредени лица. 
 
Од Министерството за внатрешни работи за Телевизија 24 ја потврдиле несреќата и локацијата и велат дека интервенирале по пријава на минувачи. Со оглед на фактот што е причинета само материјална штета, на местото на настанот нема траги од несреќата.
 
Возилата се отстранети од автопатот веднаш откако полицијата направила записник. Според информациите, Месиќ допатувал во земјава за да присуствува на конференција, на која е најавено присуство и на други поранешни претседатели од регионот.