Балкан
25. May 2017 - 18:49

Поранешниот премиер повреден при експлозија во автомобилот

Бомба експлодира во автомобилот на поранешниот грчки премиер и гувернер на централната банка Лукас Пападемос, при што се повредени тој и неговиот возач, соопшти грчката полиција.

Двајцата биле веднаш пренесени во болница.

Според интернет изданието на весникот „Катимерини“, Пападемос настрадал откако отворил писмо-бомба во својот автомобил, при што се здобил со повреди на рацете и нозете.

Инцидентот се случил додека возилото било во движење во близина на центарот на Атина.

Лукас Пападемос е поранешен гувернер на Грчката национална банка, поранешен потпретседател на Европската централна банка и некогашен премиер на Грција