Свет
27. September 2017 - 11:08

Поранешната тајландска премиерка Шинаватра осудена на пет години затвор

Врховниот суд во Тајланд денеска ја осуди поранешната премиерка Инглук Шинаватра на пет години затвор за несовесност при исполнувањето на државната програма за купување ориз од производителите.

Судењето беше во отсуство на Шинаватра, која беше на функцијата од 2011 до 2014 година. 

Се претпоставува дека избегала од Тајланд и сега се наоѓа во Сингапур или Дубаи.