Џет-Сет
22. February 2017 - 11:43

Поранешната српска репрезентативка - Симон ме убиваше од ќотек

 
Поранешната српска репрезентативка во кошарка Милица Дабовиќ за прв пат во јавноста ги откри деталите за нејзиното претепување кое се случи пред два дена од страна на нејзиното момче Шиме Шикилиќ-Симон.
 
Дабовиќ самата пред два дена во полициска станица го пријавила своето момче откако тој се обидел да изврши обид за убиство врз неа, само по два дена од немилиот настан со своја изјава излезе и кошаркарката која за прв пат во јавноста откри дека со месеци наназад трпела насилство од страна на своето момче.
 
-Сега се одлучив да зборувам и јавно за сето тоа што го доживеав. Не сакам да си спомнувам, но како една поука за сите млади девојки сакам да кажам да внимаваат во кого и како се заљубуваат. Симон ме убиваше од ќотек, постојано ми крадеше и пари, постојано и психички ме малтретираше. Живеев во хорор, не сакав претходно тоа да го нагласувам затоа што се срамев, но сега веќе нема што да кријам – вели Дабовиќ, и дополнува:
 
– Молчев и затоа што мислев дека ќе се промени. Но, место тоа, стануваше се побрутален.