Живот
17. August 2017 - 15:02

Поранешен просјак и понудил 130.000 евра за да и се одолжи, а еве како таа реагирала

Поранешен просјак и бездомник сакал да и даде 130.000 евра. на жена која му помогнала пред 24 години.

Имено Хе Ронгфенг, кој има 38 години денес е моќен бизнисмен, успеал да ја најде жената на која никогаш не престанал да мисли, и затропал на нејзината врата за да и даде 130.000 евра.

Бизнисменот порано бил просјак и бездомника во дамнешната 1993 година ја сретнал Даи Ксингфен, која се сожалила над него, па го поканила просјакот во нејзината куќа, го нахранила и рзаговарала со него.

-Не нахради и ни дозволи да преспиеме кај неа, а наредното утро ни даде пари за карта. Таа вечер ми рече дека не е срамота да се биде сиромашен и дека сите треба да тежнееме кон тоа да бидеме подобри луѓе- раскажал некогашниот просјак.

Жената била трогната поради тоа што тој сеуште се сеќава на неа, па ги одбила парите, велејќи дека не му помогнала за сето тоа да и се исплати, но прифатила плакат на кој бизнисменот напишал „ Мојата благодарност е голема колку една планина„.