Балкан
7. October 2017 - 11:30

Пораката до соседите го насмеа цел Балкан: Драги соседи, и ние ова не го очекувавме!

На Фејсбук со денови кружи фотогрфија од натписот кој осамна на една зграда во Белград и насмеа многумина.

Имено, неименуваните станари одлучија да ја прослават „дипломата на Невена“.

„Драги соседи, се извинуваме поради вечерашната бучава од станот 1. Невена дипломираше (и ние не го очекувавме ова, затоа и толку славиме)“, стои во пораката која осамна на влезот.

Секако соседите биле полни со разбирање и ги допишуваа честитки.