Македонија
13. January 2016 - 20:32

Поради врнежи од снег воведена забрана за камиони кај Буково

Поради обични врнежи од снег вечерва од 19 часот повторно е воведена забрана за тешки товарни возила на патот Охрид - Ресен кај планинскиот премин Буково.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека на останатите патни правци сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози.