Македонија
30. December 2017 - 11:35

Поради свлечиште непрооден патот кај Кривопаланечкото село Станци

Свлечиштето кај селото Станци, Кривопаланечко, е повторно активирано, поради што локалниот пат е целосно непрооден, информира општина Крива Паланка.

Воведена е времена забрана за сообраќај на делот од патот под свлечиштето, а жителите мора да се движат по алтернативниот пат. Локацијата е соодветно обезбедена, поставени се сообраќајни знаци и лента, како и физички пречки пред забранетиот дел за движење од двете страни на патот.

- Ги известуваме жителите на селата Дурачка Река,  Станци и Метоф, кои го користат локалниот пат Крива Паланка - село Дурачка Река - село Станци, дека повторно е активирано свлечиштето кај место викано „Видња“ и патот под самото свлечиште во должина од околу 350 метри е целосно непрооден, информира Општината и апелира  жителите да не ги оштетуваат ознаките и да не се обидуваат да поминат под свлечиштето, ниту со автомобил, ниту пеш, заради нивна лична безбедност.