Македонија
25. December 2016 - 9:22

Поради сообраќајка се пренасочува сообраќајот на патот Струмица-Граничен премин Ново село

Од изутринава од 5:50 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица - Граничен премин „Ново село“ на влез во село Дабиле е во прекин поради сообраќајна незгода и се пренасочува по локален пат, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози и наместа влажни на повисоките осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.