Свет
22. January 2016 - 21:43

Поради снежно невреме откажани над 6.000 летови во САД

Како последица на снежното невреме што го погоди источниот дел на САД, авиокомпаниите откажаа над 6.000 летови за денеска и утре од и кон аеродромите во тој дел од земјата. 

Над половина од откажаните летови се од аеродромите во Филаделфија, Вашингтон, Њујорк, Шарлот и Ралеј. 

Според американските медиуми, поради невремето откажани се 13 проценти од предвидените летови за денеска и утре.