Свет
9. February 2017 - 21:48

Поради снежна бура во Њујорк се затворени училиштата и откажани се стотици летови

Стотици училишта во државата Њујорк беа затворени денеска поради силната снежна бура што ја зафати земјата. 

Затворени беа училиштата во градот Њујорк, Филаделфија и Бостон. 

Седиштето на ОН беше затворено денеска и беа откажани сите настани и седници. 

Речиси 1.700 летови беа откажани на трите главни аеродороми на Њујорк. 

Се очекува да натрупа до 30 сантиметри снег во некои региони, а се предвидува дека бурата ќе трае меѓу шест и 10 часови.