-->
-->
Поради снегот, забрана за камиони на правците Гостивар - Кичево и крак Маврово - Дебар
-->
Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – Кичево, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
АМСМ информираше и дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и Ѓавато кој не се задржува на коловоз.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи