Македонија
28. October 2015 - 20:03

Поради одрон, во прекин железничкиот сообраќај Велес - Битола

Во прекин е железничкиот сообраќај на пругата Велес - Битола - Велес поради одрон меѓу Мартолци и Стари Град.

Како што соопшти вечерва МЖ Транспорт АД - Скопје, прекинот ќе трае до расчистување на одронот.