Поради магла намалена видливост на дел од патиштата
Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на патот Куманово – Крива Паланка, од 50 до 70 метри на патниот правец Неготино – Демир Капија и од 50 до 100 метри на патиштата Скопје – Катланово и Скопје – Миладиновци, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На повисоките и осојничави места се бележат наместа влажни коловози.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024