Живот
9. July 2015 - 17:43

Поради испукани стапала не можете да носите сандали - Овој третман е вистинско чудо!

Многу често не можете или пак се срамите да облечете сандали токму поради овој проблем. Испуканите пети може да создадат голема болка, но се и е доста непријатна појава.
 
Се што ви е потребно да го решите овој проблем е: 4 литри топла вода, 30 грама сода бикарбона, масло од лаванда, камен или сунѓер за пета, хидрантна крема и лосион. 
 
Сода бикарбоната измешајте ја во топлата вода, а потоа ставете некоја капка од маслото од лаванда. Потоа ставете ги стапалата во вода и држете ги 15 - 20 минути, а потоа со каменот или сунѓерот отстранете го сувиот дел од кожата.
 
Премачкајте ги стапалата со хидратантна крема и ви останува само да облечете чорапи.
 
Доколку го правите овој третман пред спиење, поубаво е да преноќите со чорапи.
 
Третманот повторувајте го два пати неделно, а кога ќе се поправи кожата, препорачливо е до два пати месечно.