Македонија
10. November 2015 - 16:33

Поповски побара европски одговор за бегалската криза и вклученост на Македонија

Кризата со мигрантите покажува дека земјите од Западен Балкан, што е можно побрзо треба да станат дел од ЕУ, потенцираше министерот за надворешни работи Никола Поповски, во своето обраќање на сесијата посветена на миграциите низ земјите од Западниот Балкан.

Тој посочи дека Македонија се соочува со сигурносен  ризик, бидејќи за дел од мигрантите веќе се докажало дека учествувале во воените дејствија на блискиот исток, како и со ризик од реадмисија, бидејќи голем од нив се регистрирани токму во нашата земја.

Просекот на мигранти кои на дневна основа влегуваат во Македонија изнесува околу 7000. Поради тоа, Поповски потенцираше дека не смее да продолжи затворањето на границите од север кон југ на земјите членки на ЕУ, бидеќи тоа ќе значи дека огромен број на луѓе би останале заглавени во Македонија и Србија.

Шефот на македонската дипломатија во своето обраќање упати и благодарност за помошта, која Брисел и ја пружа на нашата земја во справувањето со мигранстката криза.