Поповска се откажува од добитното место на пратеничките листи
Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска денеска соопшти дека ќе се откаже од добитната позиција на пратеничката листа на опозициската коалиција предводена од СДСМ.
Поповска, која е ставена на четвртото место во втората изборна единица на коалицијата, во соопштение образложи дека не сака функција по секоја цена, ниту, како што наведува, да послужи за сеење семе на раздор во демократската опозиција.
- Уште денес ќе му предложам на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор на ДОМ да ја прифати мојата одлука и моето образложение. За ова ќе го известиме секако СДСМ како коалиционен партнер. ДОМ има одлични кадри и сигурна сум дека на тоа место ќе влезе личност која доследно ќе се бори за демократските принципи, истакнува во сопштението Поповска и додава дека ќе ги повика истото да го сторат членовите и симпатизерите на ДОМ.
Според Поповска, сега, непосредно пред парламентарните избори, е време за единство и за искрена посветеност на борбата за демократизација на земјата.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово