Македонија
1. July 2016 - 16:09

Попоски за ,,АНАДОЛИЈА‘‘: Политичката криза може да се реши само со домашни ресурси, а не однадвор

Изборите се единствениот излез од политичката криза. Пржинскиот договор е скоро целосно исполнет останува уште да се спроведат избори на кои ќе излезе опозицијата, порачува министерот за надворешни работи во интервју за турската новинска агенција Анадолу.

- Доколку погледнеме што тој план содржеше, повеќето точки, би рекол речиси сите се исполнети, меѓутоа една клучна точка не е спроведена а тоа се избори, кои требаше да се одржат во април а потоа во јуни. Избори кои беа дел од барањата на најголемата опозициска партија и за која постоеше согласост помеѓу владината коалиција и опозициските партии, да бидат спроведени. – вели Поповски за Анадолу.

Тој додава дека ја цени улогата на меѓународната заедница, но политичката криза во Македонија не може да биде решена од надвор. Единствениот начин е политичките субјекти преку дијалог да ги надминат разликите.

- Не мислам дека било кои амбасадори треба да одлучуваат дали има или нема услови во Македонија. Се согласувам со фактот дека не треба да имаме избори во кои најголемата опозициска партија нема да учествува бидејќи тоа ќе даде една негативна конотација за самиот изборен процес. Впрочем и идејата за избори е нешто што го бараше најголемата опозициска партија. Владината коалиција беше со став избоите да се случат во редовен термин а тоа е 2018 година.

Според министерот за надворешни работи, со двократното откажување од избори опозицијата не покажува чувство за тоа дека се потребни избори и тоа е главниот проблем. Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ и владата се целосно ангажирани во спроведувањето на реформите кој ќе донесат до уште подобри услови.

Во интервјуто за турската новинскја агенција Поповски освен за политичката криза говори и за предизвиците од мигрантската криза, добрите македонско-турцски односи и останатите надворешно политички прашања на Балканот.