Македонија
21. October 2016 - 21:29

Попоски на средба со жителите во Волково

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и министер за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со жителите од скопско Волково рече дека очекува избори на 11 декември за да се заврши кризата и да се вратат основните, најважни работи за граѓаните.

- Очекуваме избори на 11 декември и тие се многу значајни во овој момент од најмалку две причини. Првата е завршување на кризата и враќање на основните, најважни работи за граѓаните. Премногу штета се нанесе на Република Македонија во изминатиов период од правење на вештачка криза и овој момент изборите се можност да го затвориме ова поглавје, рече Попоски.

Втората најважна работа, како што посочи, е повторно посветување на она што е најзначајно за граѓаните а тоа се инвестициите и работните места.