Попоски на конференција во Брисел
Заменик - претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Брисел ќе учествува на Меѓународната конференција „Незавршена правда: реституција и сеќавање”, посветена на жртвите од Холокаустотот, соопшти МНР.
Kонференцијата што ќе се одржи во Европскиот парламент, ја организираат Европската алијанса за преживеаните од Холокаустот (EAHS), коалицијата на членовите на ЕП посветена на прашања на преживеаните од Холокаустот, Светската еврејска организација за реституција (WJRO) и Европскиот институт за Холокаустот (ESLI), заедно со Европскиот еврејски конгрес (EJC) и B'nai B'rith International, како и постојаните мисии во ЕУ на Израел, Чешката Република и Велика Британија и нивните министерства за надворешни работи. Собирот ќе го отвори претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.
На конференцијата ќе се разговара за процесот на реституција на жртвите од Холокаустот согласно обврските од Терезинската декларација од 2009 година, со посебен фокус на моменталната состојба, најдобрите практики и методи од Европската унија за решавање на овие прашања, со цел побрз напредок на овој план.
Република Македонија е трајно посветена кон грижата за нејзините граѓани Евреи, го заврши процесот на реституција на македонските Евреи жртви на Холокаустот и вложува континуирани напори на полето на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот, се наведува во соопштението од македонското МНР.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово