Македонија
13. November 2015 - 11:57

Попоски на конференција на Вишеградската група и Западен Балкан во Прага

Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествува на министерската конференција на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан, која се одржува во Прага под покровителство на Министерството за надворешни работи на Чешката Република, како актуелен претседавач со Вишеградската група.

Покрај министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група (Чешка, Полска, Словачка, Унгарија), од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и Словенија и Хрватска, се очекува, како специјални гости на конференцијата да учествуваат и потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс и шефот на дипломатијата на Велика Британија, Филип Хамонд, соопшти МНР.

Главни теми на дводневната конференција, која започна вчера, се миграцијата, проширувањето и регионалната соработка, а предвидено е и потпишување на основачките документи на Фондот за Западен Балкан.